Младата пејачка Мина Блажев има причина за радост. Откако неодамна ја објави среќната вест за својата веридба, организирала прослава со најблиските за да го одбележи овој важен момент.
За оваа прилика, Мина одбра впечатлив бел фустан со корсетен крој, преливен со блескави детали и монистри, кој совршено ја истакнуваше нејзината фигура. Посебно внимание привлекуваше горниот дел, украсен со светкави камчиња.
Саkajќи да заврши гламурозниот изглед, таа носеше пуштена, брановидна коса и впечатлива шминка. Фотографиите од прославата веднаш привлекоа внимание.
Пред една недела, на својот Инстаграм профил, Мина сподели вест за веридбата и го покажа својот веренички прстен, откривајќи дека пред неа се отвора ново значајно поглавје во животот. Иако ја сподели радоста со своите најблиски, таа сè уште не открива многу детали за својот избраник.
Според фотографиите, вечерта била исполнета со љубов, насмевки и убави моменти, а Мина изгледаше како што и прилега на една нова невеста.


