За многумина, кратките видеа на социјалните мрежи се само начин за развлечка, но за 22-годишниот Екнур Синг од Лондон, тие претставуваат значителен извор на приходи. Овој млад Британец тврди дека неговата годишна заработка надминува 120.000 фунти, а за работа му е потребен само мобилен телефон и стабилна интернет конекција.

