Најчесто, ако нема некој значаен проблем, тие исчезнуваат по некое време, а еве како можете да и’ помогнете на вашата кожа да изгледа чисто, без флеки, хидрирана и повторно нахранета со користење на некои од намирниците што ги користите секој ден.
Лимонската киселина е одлично средство за избелување, но ако имате чувствителна кожа, може да предизвика благи изгореници. Исцедете сок од лимон и нанесете го на кожата со нежно тапкање со памук. Ако вашата кожа е склона кон иритација, најдобро е да ја растворите во малку вода и да ја пробате со мала количина. Повторете го процесот 3 до 4 пати неделно и внимавајте како реагира вашата кожа. Доколку забележите атипични промени, намалете го бројот на апликации или прекинете го третманот. Исто така, не ја изложувајте кожата на сонце по нанесувањето, бидејќи може да се појави маргарита дерматитис.
Папаја
Папајата содржи ензими кои го поддржуваат процесот на лупење, кои се наоѓаат во професионалниот пилинг. Изрендајте ја или изгмечете ја папајата во смеса слична на пире и нанесете ја на кожата. Исплакнете со млака вода по 20 минути. Бидејќи овој метод е секако поблаг од лимонот, доколку се покаже дека и одговара на вашата кожа, можете да го користите наутро и навечер.
Лубеница
Богата е со витамини А, Б и Ц, а нанесувањето на лубеницата на кожата нема да даде брзи резултати. Меѓутоа, ако сте упорни, по некое време тонот на кожата ќе се изедначи. Нанесете малку „месо“ од лубеница на секое место каде што имате флеки или дамки од сонце, втријте и оставете да делува 20 до 30 минути, а потоа исплакнете.
Кромид
Содржи висок процент на киселост и ќе помогне темните дамки да избелат и исчезнат. Исецкајте го и исцедете го сокот од кромидот кој ќе го измешате со 2 лажици мед. Нанесете на флеки, но пред да нанесете на лице, тестирајте на тело. Мирисот нема да биде пријатен, затоа добро исплакнете по 15 минути. Ова можете да го правите два пати неделно, а има големи шанси ефектите да бидат задоволителни.
Домати
Доматите се познати по нивните својства за избелување на кожата. Корејските брендови за убавина кои промовираат „порцелански“ тен имаат цели линии на производи формулирани со домати. Свеж домат можете да го користите со тоа што ќе ставите подебело парче на делот од кожата што сакате да го избелите или со користење на сокот и добро втријте го. Доматот не е агресивен и можете да го користите на вашата кожа 3 до 4 пати неделно.



GIPHY App Key not set. Please check settings