ХРАНАТА која ни е најдостапна и најлесна за консумирање е обично најмалку здрава и најлоша за нашиот струк. Постојат неколку високо обработени опции кои се рекламираат како здрави закуски или пијалоци, но всушност можат да го забават нашиот метаболизам и да ни го отежнат слабеењето.
Нутриционистите Хедер Хенкс, Лиза Ричардс и Бет Хокс тврдат дека треба да се држиме настрана од зашеќерените, преработени барови од гранола и овошните сокови купени во продавница.
Гранола барови
Најчесто се наоѓаат на полиците за здрава храна, па многумина посегнуваат по нив кога им е потребна ужина во движење. Сепак, нутриционистите тврдат дека тие прават повеќе штета отколку корист, особено кога станува збор за телесната тежина.
“Гранола баровите се најлошата храна за слабеење бидејќи се полни со рафинирани шеќери. Многу производители тврдат дека се здрави бидејќи содржат овес. И додека овесот е навистина добар извор на влакна, проблемот е во додадените состојки кои прават тие се нездрави“, објаснува Хенкс за She Finds.
„Преработената храна е направена со рафинирани јаглехидрати кои создаваат воспаление и го уништуваат здравјето на цревата“, се согласува Ричардс.
Наместо шипки со гранола, посегнете по јаткастите плодови и овошјето кои ќе ве држат сити и ќе ви ја дадат потребната енергија.
Овошни сокови
Овошните сокови се исто така полни со непотребен шеќер. Ако ги пиете секој ден, може да предизвикаат проблеми како надуеност, воспаление, забавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.
„На пример, во еден сок од портокал од 350 милилитри има околу 31 грам шеќер, што е за 22 грама повеќе отколку во истото количество Кока-Кола“, тврди Хокс.
Покрај тоа, овошниот сок од продавница нема хранлива вредност. Затоа, изберете здрави алтернативи кои вклучуваат незасладен чај, вода, па дури и свежо исцеден овошен сок, кој е богат со влакна.



GIPHY App Key not set. Please check settings