in

На дечко му наплаќа 45 евра секогаш кога ќе спие кај неа: „Заработив пари за патување“

„Тиктокер“ на нејзиниот дечко му наплаќа 45 евра за ноќевање кај неа, со тие пари ги плаќа сметките за станот и храната, а бидејќи тој често ја посетувал, и останале пари за патување во Мексико.

Паровите кои ги делат трошоците не е ништо ново, но начинот на кој една жена реши да го направи тоа шокираше многумина. Извесна Ким на своето момче му наплаќа 45 евра секој пат кога тој ќе преноќи кај неа, пишува Мирор.

Ким, која споделува совети за заштеда на пари на нејзината страница TikTok, собра повеќе од 56.800 лајкови. Таа тврди дека работи 18 часа дневно и има три работни места, а во едно видео објаснила:

„На моето момче му наплаќам 50 долари (45 евра) секогаш кога ќе спие кај мене.

Таа изјавила дека дечкото минатата недела спиел двапати кај неа, па заработила 100 долари. Додала дека тоа што досега заработувала и овозможило да заштеди, па веќе планира да го изненади своето момче со патување во Мексико. Притоа, таа не спомена дали и таа му плаќа и колку кога ќе оди во неговиот дом.
Реакциите на нејзиното видео беа различни, некои ја пофалија идејата, други ја сметаа за чудна, а имаше и такви кои ја предупредија дека наскоро ќе следи раскинување.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Меланија Трамп објави видео: „Важно е да ја слушнете мојата перспектива и вистината“

Адел одби 200 милиони долари! Еве за што на пејачката и понудиле луда сума пари, а таа не сакала ни да ја слушне