Шафранот е најбараниот и најскапиот зачин во светот, кој е познат и како „црвено злато“. Килограм најквалитетен шафран чини околу 3.000 долари, а има неколку причини.
Шафранот расте во специфични услови и цвета само една недела годишно. Најдобро расте на сонце и на сува, но богата почва. Се бере само во одредено време, а за половина килограм од овој зачин се потребни речиси 80.000 цветови од растението.
На високата цена на овој зачин влијае и тоа што се се прави рачно – од берба до сушење.
Најпопуларен е шафранот од Индија, Иран и Шпанија, а луѓето ширум светот се подготвени да издвојат пари за овој скап зачин поради неговите лековити својства. Старите Грци, Кинезите и Индијците го користеле овој зачин за сè, од парфеми до лекови.
Истражувањата покажаа дека шафранот, меѓу другото, може да го подобри расположението, да ги намали симптомите на ПМС и да помогне при слабеење. Американските психијатри тврдат дека шафранот е најефективниот природен антидепресив, бидејќи не покажува несакани нуспојави. Покрај тоа, бројни студии покажаа дека шафранот ја намалува анксиозноста и депресијата.
Шафранот има интензивен мирис и малку горчлив вкус. Може да се најде во продажба во мали количини, во форма на сушени влакна или смачкана. Најчесто се користи при подготовка на слатки и јадења со ориз.



GIPHY App Key not set. Please check settings