Изненадете го вашето семејство со вкусен ручек кој лесно се подготвува.
Состојки:
1 пиле
250 гр варен ориз
1 кромид
2 чешниња лук
1 свежа пиперка
400 мл излупени домати
1 лажица мелен црвен пипер
1 ловоров лист
1 лажичка сечкан магдонос
2 лажици вински оцет
1 лажица шеќер
Премаз:
50 гр путер
1 лажица мелен црвен пипер
2 лажички магдонос
1 лажичка мајчина душица
Подготовка:
Сварете го оризот во солена вода и исцедете го. На масло пропржете сечкан кромид и бибер. Кога ќе омекнат додадете го оцетот и другите состојки. Варете додека не испари целата течност, а потоа додадете го оризот и измешајте. Отстранете го ловоровиот лист.
Премачкување: Измешајте го путерот со останатите состојки за да добиете еднолична смеса. Пилешкото убаво зачинете го со сол и бибер внатре и надвор. Намачкајте ја смесата со путер рамномерно под кожата и премачкајте го целото пилешко. Потоа наполнете со подготвениот фил, отворот затворете го со чачкалици. Покријте со алуминиумска фолија и печете во рерна загреана на 200 степени околу 1,5 час. Отстранете ја фолијата и печете уште 10-15 минути за пилешкото да добие крцкава кора



GIPHY App Key not set. Please check settings