Јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин бин Абдула Втори и принцезата Раџва Ал Хусеин добија девојче по име Иман, а кралицата Ранија стана горда баба.
„Фала му на Бога за најголемите дарови… Ги просветли нашите животи со нашата скапоцена внука Иман. Господ нека нè чува. Честитки Хусеин и Раџва, а Бог да ги исполни вашите животи со благослови и задоволство“, напиша Ранија.
Инаку, ова и е прво внуче, а го добила на 53 години.
Покрај тоа што е активна и позната на политичката сцена, Ранија често привлекува внимание со својот ненадминат стил и младешки изглед.



GIPHY App Key not set. Please check settings