Наоми Кембел неодамна проговори за својата борба за мајчинство и за шпекулациите дека имала деца користејќи сурогат мајка.
Иако тоа е тема за која со години избегнуваше да зборува, сега со гордост зборуваше за родителството и одлуката да биде самохрана мајка.
Педесет и четиригодишната манекенка роди син минатата година, а ќерка во 2021 година, сега за „Тајмс“ потврди дека децата ги родила со сурогат мајка.
„Јас сум“, кратко рече таа, а потоа додаде:
„Моите деца ми се сè. Ова ме натера да се плашам за иднината. Се надевам на подобар свет за моите деца. Тие ми се 110% приоритет. Морам да бидам тука за нив на нивниот прв ден на училиште“.
Поранешниот супермодел истакна и дека и е тешко кога слуша дека се помалку млади девојки се одлучуваат да имаат деца поради тешката финансиска состојба.
„Слушнав многу млади девојки кои велат дека е прескапо да се има деца и можеби нема да ги сакаат, јас само реков: „Ќе се предомислиш, ќе сакаш да бидеш мајка“. Разбирам дека е тешко економски. Но, мајка ми немаше ништо и успеа. Вреди. Тоа е толку неверојатно“.
Да потсетиме, Наоми веднаш по раѓањето на ќерката истакна дека „детето е нејзино и не е посвоено“, како и дека исполнила голема животна желба.
„Отсекогаш знаев дека еден ден ќе станам мајка, тоа е најголемата радост што можам да ја замислам“, додала таа.
Сепак, таа речиси никому не кажала за ова и додава дека на прстите од едната рака може да ги наведе имињата на оние кои знаеле низ што поминува и дека родителството го смета за многу приватно.



GIPHY App Key not set. Please check settings