Палачинките се популарни во различни сорти, а секој има свој рецепт, како и омилени додатоци. Се полнат со речиси сè – од џем до шунка, сирење и печурки. Но, популарна е и верзијата со џин, која последниве години ја мешаме во храната. Оваа варијанта ќе ви го подобри расположението, а сигурно ќе ги воодушевите пријателите.
За сирупот потребни се 250 мл џин и тоник, две лажици шеќер и лимон. Во смесата се додаваат 200 гр обично брашно, едно јајце, две лажици шеќер и 250 мл џин и тоник. За да ја направите смесата, во садот додајте ги брашното, јајцето, шеќерот и малку сол и измешајте ги со џин и тоник.
Смесата мора да биде изедначена. Мала количина од оваа смеса истурете ја во тавче на средна температура и пржете по минута или две од секоја страна. Повторете со преостанатото тесто
Направете го сирупот – џин и тоник истурете го во тава со шеќер и сок од лимон и загрејте на ниска температура неколку минути додека смесата не стане сирупеста. Тргнете од оган. Додадете ја смесата во палачинките и уживајте.



GIPHY App Key not set. Please check settings