in

Науката вели дека ова се шесте најопасни намирници за здравјето

Во последниве години, здравата исхрана е сè поголем фокус на младите и возрасните. За да знаете која храна е добра, а која лоша, клучно е да разберете од каде доаѓа. Лоша храна се смета за храна со мала или никаква хранлива вредност. Нездравата храна го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви заболувања.

Шесте најопасни намирници за здравјето

Како прво, засладените пијалоци се сметаат за опасна храна. Доколку некој ги конзумира секојдневно, потребно е постепено да го намалува внесот. Газираните и слатките пијалоци треба да заземаат минимално учество во нашите менија.

На второ место се транс мастите. Транс масните киселини се произведуваат како нуспроизвод на делумна хидрогенизација на растителните масла и при продолжено загревање на растително масло на повисоки температури. Имаат бројни негативни ефекти врз метаболизмот, особено во развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Примери на храна која содржи транс масти се маргарин, колачи, хамбургери и помфрит. 

Следуваат рафинирани и додадени шеќери, кои предизвикуваат дебелина и ги има во бонбоните, пченкарниот и јаворов сируп итн. Иако сите луѓе можат да имаат корист од намалувањето на внесот на шеќер, луѓето со дијабетес, висок крвен притисок и семејна историја на срцеви заболувања  треба да обрнат посебно внимание.

Треба да се избегнуваат и заситени масти бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на LDL или штетниот холестерол. Мононатриум глутамат, еден од најраспространетите прехранбени адитиви или засилувачи на вкусот, исто така е нездрав. И конечно, рибите со висока содржина на жива, како што се ајкулата, туната и сабјарката, исто така се сметаат за опасни по здравјето, пишува Marca.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Што е мигрена и кои се нејзините причини?

„Кул изглед“ е најновиот тренд што секоја жена може да си го дозволи ВИДЕО