Човечкото тело е „совршена машина“, а токсините кои се акумулираат во телото набрзо се исфрлаат благодарение на работата на бубрезите и другите органи кои им помагаат во тоа.
Меѓутоа, ако во телото се акумулираат премногу токсини, органите не можат да ги исчистат сите, а потоа може да настанат различни здравствени проблеми.
Како и секогаш, телото ни испраќа предупредувачки симптоми, но важно е да можеме да ги препознаеме.
Често сте подуени
Празнењето на цревата е уште еден начин на кој телото се ослободува од токсините, но ако празнењето не е редовно, токсините остануваат во телото и може да предизвикаат непријатност.
Ако имате проблеми со столицата, пијте многу вода, бидете физички поактивни, а може да ви помогне и пробиотик или некој чај.
Имате лош здив
Лошиот здив не само што е непријатен, туку може да биде и знак дека телото е полно со токсини. Лошиот здив може да се појави поради бактериите во устата, но и ако црниот дроб и цревата имаат потешкотии во исфрлањето на токсините.
Со редовно чистење на јазикот и четкање на забите, можете да ги елиминирате бактериите од устата, а свежите билки како магдонос или коријандер ќе помогнат во детоксикација на црниот дроб.
Мирисите ве мачат
Може да се појави прекумерна чувствителност на надворешни мириси ако црниот дроб има потешкотии да ги елиминира токсините од телото. Имено, кога ќе се затворат патиштата за детоксикација, сетилата стануваат поакутни, па може да се појави главоболка или мачнина предизвикана од некои посилни мириси.
И во овој случај, билките можат да помогнат да се исфрлат токсините од црниот дроб. Покрај магдоносот и коријандерот, може да биде корисен и чајот од корен од глуварче.
Не можете да изгубите тежина
Ако се обидувате да изгубите неколку килограми и сте направиле се за да успеете, но салото едноставно се спротивставува, можно е да се виновни токсините. Токсините како диоксините, ПХБ и многу пестициди се липофилни, што значи дека се хранат со масните клетки во нашите тела. Кога телото е преоптоварено со нив, станува тешко да се изгубат вишокот килограми.
Она што можете да го направите во овој случај е да се обидете да ја вратите рамнотежата на телото, што ќе го направите првенствено со поздрава исхрана и избегнување на внесување токсини.



GIPHY App Key not set. Please check settings