in

Неизвесна е иднината на Роберт Патинсон како Бетмен по втората филмска авантура

Роберт Патинсон можеби нема повторно да го облече костимот на Бетмен по завршувањето на вториот филм од франшизата. Иако неодамна беше официјално избран за нов Џејмс Бонд, според најновите информации, тој веќе нема договорна обврска да се појави и во третото продолжение за Мрачниот витез.

Како што објави „TheWrap“, првичниот договор на Патинсон предвидувал уште еден филм по второто продолжение. Сепак, поради долгото одложување на продукцијата, наводно бил ослободен од таа обврска.

Тоа не значи дека тој засекогаш се збогува со улогата. Доколку студиото реши да снима трет филм со него, ќе мора да се склучи нов договор. Засега, пак, не е потврдено ни дали третото продолжение воопшто ќе биде реализирано.

Во меѓувреме, Патинсон продолжува со снимањето на вториот филм, во кој повторно ќе го толкува Брус Вејн. Премиерата на „The Batman: Part II“ е закажана за 18 февруари 2028 година.

Веста ги изненади неговите обожаватели, и тоа само еден ден по официјалната потврда дека токму Патинсон ќе биде новиот Џејмс Бонд.

Засега останува отворено прашањето дали ќе продолжи да ги игра и двата култни лика или преземањето на улогата на Бонд ќе значи крај на неговото патување како Бетмен.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Луѓето што стануваат пред 7 часот наутро почесто се посреќни и поздрави