Луѓето што се будат рано, односно пред 7 часот наутро, почесто се посреќни, поздрави и позадоволни од животот. Тоа го покажуваат истражувања според кои раното станување може позитивно да влијае врз менталното и физичкото здравје.
Според одредени студии, оние што рано се будат почесто пријавуваат позитивни емоции, поголемо задоволство од животот, како и помалку симптоми на депресија и анксиозност.
Едно можно објаснување е изложеноста на утринска светлина, која му помага на организмот да го регулира биолошкиот часовник, односно циркадијалниот ритам. Тој влијае врз циклусот на спиење и будност, расположението и целокупното здравје.
Утринската светлина има важна улога и во регулирањето на хормоните поврзани со расположението, меѓу кои е и серотонинот, кој придонесува за чувство на благосостојба.
Дополнително, луѓето што стануваат порано често имаат воспоставена дневна рутина, редовно вежбаат и полесно ги организираат своите обврски. Токму овие навики можат да придонесат за подобро физичко и ментално здравје.

