in

Нема подобар лек за лекување здравствени проблеми од овој чај

Чајот од брусница поволно делува на многу заболувања, особено на оние со урогениталниот тракт. Освен што има здравствени придобивки, овој чај е вкусен и многу луѓе сакаат да го пијат како омилен топол пијалок.

Брусницата е здрава нискокалорична храна, богата со влакна, витамини и минерали, меѓу кои преовладуваат витамините Ц, А, Е, минералите калциум, калиум, магнезиум и железо. Богат е со антиоксиданси, на кои им ги должи своите моќни лековити својства.

Бубрезите се одговорни за исфрлање на токсините, одржување на pH на крвта, балансирање на електролитите и производство на одредени хормони.

Како такви, тие се многу важни за правилното функционирање на целиот организам. Особено е неопходно да се грижи за нивното здравје. Со цел да се спречи формирањето или да се помогне во исфрлањето на веќе формираните камења во бубрезите, чајот од брусница е исклучително корисен.

Брусницата е богата со антиоксиданси, витамин Ц и влакна, а токму поради својот богат состав е многу моќна во лекувањето на голем број здравствени проблеми. Ова растение содржи и урзолинска киселина, која има неверојатни антиинфламаторни својства.

Како што веќе споменавме, чајот од брусница помага за заштита на здравјето на бубрезите, но и за исфрлање на камењата.

Свежата брусница, како и чајот, се користи во превенција и третман на сите видови бактерии на уринарниот тракт. Тој е одличен лаксатив, го помага варењето, ја стабилизира работата на дигестивниот тракт. Погоден е за дијабетичари, бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта. Го чува здравјето на црниот дроб, а редовната употреба го поттикнува исфрлањето на насобраните токсини. Лечи инфекции на кожата и очите и генерално е добар во лекувањето на бактерии и габи.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ТРГНЕТЕ СЕ ОД ЛЕНТИТЕ ЗА ТРЧАЊЕ И ТЕРЕТАНАТА! Трчањето во природа ќе даде најдобри резултати!

Државата откри дека поседува уште околу 7.000 острови: Не знаеле дека ги имаат