in

Објавени детали од разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45) и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ (39), се среде развод на бракот. Оваа информација ја потврди самата Карлеуша за време на годинашниот избор за Мис на Србија.

Српските медиуми пишуваат дека двојката се договорила за поделба на имотот, што не било лесно бидејќи тие се сопственици на неколку атрактивни имоти на престижни локации во Белград.

Вилата на Дедиње, каде што живеат Карлеуша и нејзините две ќерки Атина и Ника, што Тошиќ ја купи пред шест години и е вредна 2,5 милиони евра, наводно останува во сопственост на пејачката. Од друга страна, пак, луксузниот стан на два ката во урбаната белградска населба Лисичји Поток останува во сопственост на Тошиќ. Фудбалерот има и куќа во Орловат, местото каде што живее мајка му, која исто така ќе остане на неговиот имотен лист.

Српскиот портал „Мондо“ пишува дека извор близок до Карлеуша и Тошиќ открил дека двајцата, по неколку неуспешни преговори, успеале да најдат заеднички јазик и да ја соберат потребната документација за развод и поделба на имотот.

„Јелена сè уште целосно не се преселила во вилата на Дедиње. Таму живеат слугинките со кучињата, за кои се гружат, а Јелена сè уште е во Лисичји Поток. Душко е на релација Турција-Германија-Србија поради деловни обврски, а кога престојува во Белград, тогаш живее во својот стан на Дедиње“, вели изворот.

Што се однесува до автомобилите, секој ќе си го задржи своето возило, додека Тошиќ ќе продолжи да плаќа алиментација.

Зборувајќи за разводот, Тошиќ минатиот месец изјави дека се обидува да избегне „развод преку тужба бидејќи тоа би било трауматично искуство за целото семејство, особено за неговите деца“.

Според Карлеуша, таа и Тошиќ успеале да се договорат за „спогодбен развод“.

„Во процес сме на спогодбен развод“, рече Карлеуша кога дојде на изборот за Мис на Србија, каде што беше претседател на жирито.

Инаку, ова е втор развод на пејачката. Пред точно 20 години, во 2004 година, таа се омажи за Бојан Кариќ, од кого се разведе една година подоцна.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Шенон Доерти го финализирала разводот од сопругот ден пред смртта

Пица која не дебелее: Лажното тесто е хит, а ова е совршениот рецепт