Сите знаеме дека бременоста трае девет месеци, но една мама ги изненади сите кога објави видео на кое напиша дека официјално е бремена во 17 месец.
Жаклин Вудвел пред девет месеци го родила своето второ дете, ќерката Ема, а само шест недели подоцна дознала дека повторно е во друга состојба и покрај тоа што таа и нејзиниот сопруг користеле заштита за време на сексуалниот однос.
Тоа значи дека оваа мајка во изминатата година и половина не била бремена само еден месец, односно била бремена вкупно 17 од 18 месеци.
Оваа мајка исто така на TikTok откри дека едвај чекаат да го запознаат своето трето бебе, а бидејќи разликата помеѓу второто и третото дете ќе биде помала од една година, тие ќе бидат класифицирани како ирски близнаци.
Нејзината објава збуни многумина, со коментари како: „Таа сигурно мислеше на 17 недели“, „Чекај, ти си бремена повеќе од една година?“, „Мислев дека бременоста е девет месеци?“, „Хммм, ова сум јас навистина збунето…“.



GIPHY App Key not set. Please check settings