За пејачот Огнен Здравковски, денешниот ден е особено важен, бидејќи на 8 Септември не само што го одбележува својот роденден, туку и Денот на независноста на Македонија.
По повод оваа значајна прилика, Здравковски на својот Инстаграм профил сподели фотографија од настап, на која гордо држи македонското знаме. Со емотивна порака, пејачот ја истакна својата чест што роденденот паѓа на овој важен македонски ден.
Тој напиша: „Чест е да си роден на овој Македонски ден, а уште поголема гордост е да го славиш роденденот заедно со татковината.“ Во оваа објава, Здравковски упати и честитка за 35-годишнината откако Република Македонија стана независна.
„35 години независна Република Македонија. Жива и вечна да си Македонијо! Нека ни се среќни родендените,“ додаде тој.
За Огнен, овој датум е значаен, бидејќи го дели со еден од најзначајните настани во македонската историја.
Среќен роденден, Огнен!

