Ако не сте сигурни како вашиот партнер се чувствува за вас, треба малку да размислите и да откриете која е неговата најчеста и омилена поза кога сте заедно во кревет. Врз основа на ова ќе дознаете каков е тој како личност, но и дали има искрени чувства кон вас.
Мисионерската поза ја претпочитаат нежните
Мажите кои сакаат мисионерска поза во животот строго ги следат правилата, тие се верни и нежни партнери кои нема да ве разочараат и дефинитивно, таквите мажи не се здодевни. Во оваа поза целото негово внимание е насочено кон партнерот, а има и контакт со очи, прегратки, бакнежи. Доколку сакате стабилност и размена на нежности, таков маж е совршен избор за вас – истакнува експертот за говор на телото Јан Харгрејв.
Положба на лажица за чувствителен тип
Позата лажица, односно положбата во која двајцата лежите на страна, со него зад вас, открива маж кој постојано бара потврда за чувствата на својата жена. Оваа поза овозможува посебна интимност, што укажува дека вашиот маж е чувствителен тип – објаснува Харгрејв.
„Доги стил“ не го разоткрива емотивно
Ако вашиот маж сака „кучешки стил“, тој всушност сака да доминира, да биде алфа мажјак и не сака премногу емотивно да се отвора. Бидејќи во оваа поза нема никаков контакт со очите, тоа е она што тој всушност го сака бидејќи така добива сигурност. Оваа поза не вреска љубов и почит, а доколку инсистира на таа позиција, може да има проблеми со самодовербата.
Ако жената е горе, мажот се грижи и за нејзиното задоволство
Иако на повеќето мажи оваа поза најмногу им се допаѓа, таа не кажува многу добро за нив. Ако вашиот маж инсистира на неа, тој навистина не сака да вложи премногу труд и ви дозволува да ја играте играта. Недостатокот на амбиција и мотивација не се однесува само на интимниот чин, туку и на другите делови од животот затоа што овој маж е најчесто навикнат да му се служи се’.
Но, ако тој не само што инсистира на оваа поза, туку е еден од неговите омилени, се работи за разиграна имагинација и таквиот маж може да и’ пружи многу добра забава на својата партнерка.
Половина прегратка е знак дека е среќен во врската
Позата во која жената лежи на стомак, а мажот ја прегрнува при сексуален однос во т.н. полу-гушкање, тоа е знак дека му е удобно со неа и дека е задоволен од врската – објаснила д-р Одри Нелсон, експерт за комуникација.
Близок контакт за мажи кои сакаат нежност
Ако вашиот маж ве привлекува за време на водење љубов, тоа значи дека сака поголема интимност. Имено, ве привлекува со најчувствителниот дел од вратот, вената, а тоа е знак на доверба и нежност. На овој тип на маж всушност му се допаѓа што неговата партнерка одлучува во сè – објасни експертот за невербална комуникација и автор на книгата „Љубовни сигнали“, д-р Дејвид Гивенс.
Ако се оддалечи по односот, се плаши од посветеност
Ако мажот веднаш се оддалечи од вас по некој интимен чин, тоа значи дека не сака обврски. Со тој потег создава безбедно растојание од вас, психолошки и емоционално – истакнува Гивенс.
Лежењето на страна го открива сопственикот
Ако после односот лежи до вас во положба на лажица, односно на страна, мажот е целосно луд по вас, но и донекаде посесивен. Во оваа поза тој ве штити, што укажува на доминација. Меѓутоа, ако сака да биде гушнат, но со вас зад себе, оваа позиција открива дека сака кога некој друг се грижи за него, истакна Харгрејв.



GIPHY App Key not set. Please check settings