Енергијата што се буди за време на интимен чин претставува животна енергија која има огромна креативна моќ да го создаде животот од вашите соништа.
Бидејќи сè околу нас е енергија, животната енергија може да ни помогне полесно да го манифестираме она што го сакаме и да привлечеме сè што посакуваме во нашите животи. Најтешкиот дел од манифестирањето често може да биде постигнувањето на емоцијата на она што го сакаме. Универзалниот закон реагира на нашите емоции и вибрации и како реакција го испраќа во нашиот живот она што одговара на нашата емисија.
Како изгледа манифестирањето со помош на оргазам?
Оргазмот го претставува врвот на задоволството што се емитува во форма на енергетски бранови кои течат низ целото тело. Поради оваа причина, оргазмот може да ви помогне да го манифестирате она што го сакате.
Бидејќи во телото во моментот на кулминација се создава голема количина на енергија, тој момент треба да се искористи за фокусирање на желбата. Размислете што сакате неколку моменти или визуелизирајте го пред да доживеете оргазам и вашата желба ќе оди директно во Универзумот со енергија.
Оргазмот поттикнува создавање на креативна, витална енергија која со помош на емоции создава вибрации кои „привлекуваат“ се што сакате во вашиот живот. Манифестирањето на она што го сакате со помош на оргазам може да го практикувате сами или со партнерот, резултатот ќе биде ист.



GIPHY App Key not set. Please check settings