JERSEY Island Holidays спроведе истражување за најевтините дестинации во Европа за сите оние кои сакаат да одат на викенд патување со партнер или пријател, но имаат буџет.
Земајќи ги предвид просечните цени на такси, алкохол, сместување, вечери и други елементи кои го сочинуваат секое патување, истражувањето дошло до неколку од најприфатливите европски дестинации за викенд за двајца.
Интересно е што меѓу првите места се наоѓаат два града од Босна и Херцеговина, Бања Лука и Тузла и српскиот град Ниш, а треба да се напомене дека регионалните дестинации доминираа и во остатокот од листата. Во Ниш за викенд ви требаат само 125 евра. Во Бања Лука викенд чини приближно 135 евра, а во Тузла пет евра повеќе.
Ова се десетте најприфатливи дестинации во Европа:
- Ниш, Србија
- Бања Лука, Босна и Херцеговина
- Тузла, Босна и Херцеговина
- Приштина, Косово
- Скопје, Северна Македонија
- Подгорица, Црна Гора
- Кишињев, Молдавија
- Дебрецен, Унгарија
- Лублин, Полска
- Белград, Србија



GIPHY App Key not set. Please check settings