Ретко кој може да одолее на сочната мусака.
Овде се јаде редовно, но овој рецепт се’ уште не сте го пробале.
Само една состојка го менува вкусот и дава сочност.
Велат, ако жената не знае да прави мусака, не може да се омажи.
Мусаката е вистинско традиционално јадење, а на многумина омилен ручек, кој го сакаат и децата. Ви пренесуваме добро проверен рецепт на искусна домаќинка за уште подобар вкус на мусака.
Неопходно е:
250 гр мелено месо
1 главица црн кромид
Четири чешниња лук
50 грама сува сечкана сланина
Масло
Мелена пиперка, бибер, сув зачин
500 гр компири
100 грама рендано сирење
2 јајца
100 мл. млеко
2 лажици кисела павлака
Подготовка:
Компирите исечкајте ги на кругови , потоа додадете малку масло и измешајте. Наредете половина од компирите во подмачкан плех. На масло пропржете сечкан кромид и сланина, а кога ќе се испржат додадете ги споменатите зачини.
Половина од компирите се редат, а одозгора се става непрженото мелено месо, па се додава пржениот кромид со зачини и се става уште еден ред прстени од компири. Покријте со фолија и печете во рерна на 220 степени C до 30 минути. Извадете го од рерна, и прелијте ги со изматените јајца во кои сте додале половина од ренданото сирење, млекото и павлаката.
На крајот додадете го остатокот од ренданото сирење и вратете го во рерна, па печете уште 30 минути додека убаво порумени.
Целата куќа мириса на оваа мусака и има толку добар вкус што мора да ја пробате. Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings