in

Оваа храна го забавува стареењето на мозокот и ја подобрува меморијата

Благата загуба на меморијата е нормална последица на стареењето. Мозокот, како и кожата, но и сите други органи старее. Можеби ќе се изненадите кога одеднаш во четириесеттите години не можете да се сетите на некои детали.

Но, не плашете се, тоа е нормално. Всушност, нашата меморија е најдобра во нашите 20-ти и полека опаѓа после тоа. Обично луѓето во раните 40-ти ги забележуваат првите промени во нивната меморија.

Добрата вест е дека стареењето на мозокот може да биде одложено со промени во исхраната. Најважната промена што можете да ја направите? Вклучете хранливи материи како омега-3 масни киселини во вашата исхрана.

Омега-3 масните киселини се најдобрите хранливи материи за здравјето на мозокот, токму затоа масната риба е најдобрата храна за спречување на губење на меморијата. Од природната храна, лососот, скушата, туната и харингата имаат најмногу омега-3 масни киселини. Токму затоа експертите предлагаат да ги вклучите во исхраната за подобро здравје на мозокот.

Сепак, придобивките од омега-3 масните киселини не застануваат само на мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања, помагаат во одржување на нивото на триглицериди (маснотии во крвта) и можат да ги намалат симптомите на артритис.

Значи, како омега-3 масните киселини помагаат да се спречи губењето на меморијата? Всушност, вашиот мозок содржи многу масни клетки, а многу од нив се направени токму од омега-3 масни киселини. Што значи дека помагаат во одржување на мозокот со градење на клетки, што е критично за когнитивното здравје, меморијата и целокупната функција на мозокот.

Исто така, бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини можат да спречат деменција и Алцхајмерова болест, двете болести поврзани со стареење на мозокот и губење на меморијата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за 8 март: Месечината во Вага предизвикува критики

Дар на природата: сливи и нивните лековити својства