in

Овие намирници не треба да се јадат на празен стомак, но 90% од луѓето го започнуваат денот со нив

Појадокот е клучен оброк кој дава енергија во остатокот од денот. Сепак, не е важно што прво внесуваме во телото.

Меѓу намирниците кои се сметаат за најштетни за консумирање на празен стомак, се сите печива направени со квасец. Според лекарите, таквата храна го иритира желудникот и предизвикува прекумерно формирање на гасови. Исто така, шеќерот кој се наоѓа во пекарските производи го зголемува нивото на инсулин во крвта.

Нутриционистите сметаат дека кафето и сендвичите се најлошата опција за појадок. Тие велат дека негативно ќе делуваат и соковите од цитрус и овошјето на празен стомак бидејќи го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Имено, станува збор за храна која содржи киселина која ја иритира слузницата на желудникот, што може да доведе до гастритис, чир и други проблеми.

Дури и бананите се штетни за јадење на празен стомак. Тие го зголемуваат оптоварувањето на срцето и го нарушуваат балансот на калиум и магнезиум во организмот, па затоа е секогаш подобро да ги јадете после оброк.

Друга штетна храна со која треба да го започнете денот се ферментираните млечни производи. И покрај содржината на бактерии важни за телото, тие не носат никаква корист. Како што објаснуваат експертите, „микроорганизмите едноставно умираат во хлороводородната киселина која се акумулирала преку ноќ во желудникот“.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Дневен хороскоп за понеделник 19-ти август 2024 година

Јелена Карлеуша за прв пат за новото момче и дали е заљубена: „Би било нереално никој да не ми се додворува“