in

Овој алкохолен пијалок е најмалку штетен за црниот дроб

Резултатите од истражувањето од 2019 година покажуваат дека алкохолот е главен фактор на ризик за заболувања на црниот дроб, особено цироза. Со овој факт се согласуваат многу лекари и нутриционисти, кои ги охрабруваат оние кои уживаат во пиењето да ја намалат количината на алкохол што ја консумираат на минимум можно, пишува „The Healthy“.

„Умерениот внес на алкохол е во ред, но премногу алкохол од кој било вид придонесува за заболување на црниот дроб и цироза“, вели д-р Мелиса Прест. Жените треба да пијат само една чаша дневно, додека на мажите им се дозволени две“.

Исто така, постојат многу студии кои покажуваат дека секој алкохол може да ги зголеми компликациите поврзани со црниот дроб. Исто така, тешко е да се знае ризикот од алкохол ако имате друга болест на овој орган како што е замастен црн дроб или вирусен хепатитис.

Сепак, д-р Ненси Реа вели дека иако целосното откажување од алкохолот не е практично, постои еден пијалок кој е најдобриот избор за вашиот црн дроб и најмалку штетен. „Доколку имате здрав црн дроб, црвеното вино е докажано дека има антиоксиданси и може да влијае на здравјето на црниот дроб. Се разбира, внесот треба да биде умерен.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Имате проблеми со варење и надуеност? Овие намирници ќе ве спасат од неволја

Конкуренцијата се засилува – се вклучи Мерцедес