in

Овој код е пробиен од хакери за кратко време! Ним им требаат само 60 секунди

Користењето на истата лозинка за секој профил што го имате е рецепт за катастрофа, вели експерт.

Многумина од нас имаат навика да користат иста лозинка за секоја корисничка сметка – и за е-пошта и за социјалните мрежи.

Луѓето најчесто ја користат истата комбинација за сè бидејќи им е полесно да ја запомнат истата лозинка.

Јуџин Касперски, експерт за сајбер безбедност, и неговиот тим откриле дека во 2023 година, хакерите имале повеќе од 32 милиони обиди да ги научат личните лозинки на корисниците. И тој број на обиди продолжува да расте.

Тимот неодамна спроведе студија која покажа дека околу 45 отсто од лозинките можат да бидат хакирани за помалку од 60 секунди.

Kaspersky наведува дека не е мудро да се користат имиња во лозинки.

  • Луѓето несвесно создаваат „човечки“ лозинки кои содржат зборови од речникот на нивните мајчини јазици – имиња, бројки итн., односно комбинации кои лесно ќе се паметат – објасни тој.
  • Дури и навидум силните комбинации ретко се сосема случајни, па алгоритмите можат да ги погодат. Имајќи го тоа на ум, најсигурно решение е да се генерира сосема случајна лозинка користејќи модерни и сигурни администратори за лозинки – додаде тој.

Што можете да направите за да ја заштитите вашата лозинка од хакери?

Преземањето на неколку едноставни чекори, како додавање броеви, неколку големи букви и симболи, ќе ја направи вашата лозинка посилна.

  • Не користете лозинки кои лесно се погодуваат од вашите лични податоци, како што се родендени, имиња на членови на семејството, домашни миленици или вашето име. Ова често се први обиди на хакер кој сака да ви ја пробие лозинката – објаснува експертот.

Тој, исто така, ги советува сите да овозможат двофакторна автентикација, бидејќи обезбедува дополнителна безбедност.

  • Дури и ако некој ја открие вашата лозинка, ќе му треба друга форма на потврда за да пристапи до вашата сметка – додаде Kaspersky.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Маж роден во овој знак ќе ви го загорчи животот

Вашингтон не го остава „на мира“ ТикТок, покрената е нова тужба