Малку различни, но многу вкусни палачинки.
Состојки:
(за 4 лица)
– 2 чаши брашно
– 1 ванилин шеќер
– 2 јајца
– прстофат сол
– банана
– чаша млеко
Подготовка:
Прво измешајте ги сите суви состојки.
Потоа во друг сад изгмечете ја бананата, додадете ги јајцата и млекото, па измешајте.
Сите суви состојки соединете ги со влажните состојки за да добиете средно густа смеса.
Во тавата ставете масло и оставете да се загрее. Кога ќе се загрее, ставете ја смесата на тавата, а кога палачинката ќе порумени, превртете ја и сварете ја од другата страна.
Можете да ги послужите со кој било фил (чоколадо, џем,…)
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings