Канелоните се цилиндричен вид лазања, а популарните филови вклучуваат спанаќ и рикота или мелено говедско месо… Уживајте!
Состојки:
- 12 канелони
- 500 гр спанаќ
- 400 гр рикота
- 70 гр пармезан
- 1 чешне лук
- 500 мл бешамел сос
- 150 гр гауда
- сол, бибер, путер
Подготовка:
Спанаќот продинстајте го кратко на путер со цело чешне лук. Тргнете го од оган, посолете и извадете го лукот. Исечкајте го спанаќот и измешајте го со рикота и пармезан. Наполнете ги канелоните со добиената смеса. Во огноотпорен сад ставете малку бешамел, одозгора ставете ги канелоните, прелијте го преостанатиот сос и посипете со рендана гауда. Се пече во рерна на 180 степени 25-30 минути. Послужете додека е топло.



GIPHY App Key not set. Please check settings