Сладок компир со пилешко и два вида сирење печени во рерна.
Состојки:
– 500 гр бело пилешко месо
– 3 мали слатки компири
– малку маслиново масло
– сол, бибер
– лук во прав, сув магдонос
– 4 јајца
– 250 гр маскарпоне сирење
– 100 мл млеко
– 100 гр сирење
Подготовка:
Исечете го пилешкото на мали коцки.
Излупете го слаткиот компир, измијте го и исечете го на помали коцки.
Измешајте пилешко и сладок компир во сад. Додадете маслиново масло, сол, бибер, сув магдонос и лук во прав.
Сè убаво измешајте со раце и префрлете го во тавче подмачкано со масло.
Изматете четири јајца со малку сол, 250 грама маскарпоне сирење и 100 милилитри млеко. Прелијте ги пилешкото и слатките компири.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени.
Извадете ја тавата од рерна, а одозгора изрендајте го кашкавалот. Вратете ја во рерна да се пече додека не се формира убава кора.
Сè заедно се пече помеѓу 35 и 40 минути.
Пријатно!



GIPHY App Key not set. Please check settings