Многу истражувања покажаа дека медот е храна која може да помогне во зачувување на нашето здравје, а единствен услов е храната како таква да биде со највисок квалитет. Но неговата комбинација со обична вода има и големи придобивки.
Имено, чудотворниот пијалок кој се состои од само две состојки – млака вода и лажица мед – е безбеден пат до витко и здраво тело без да се откажете од омилената храна, тврдат нутриционистите.
Антиоксидансите во медот ефикасно помагаат да се исфрлат штетните токсини, да се реши надуеноста, да се намали заморот, да се зголеми виталноста, а неговите антибактериски својства го штитат телото од потенцијални инфекции. Дополнително, докажано е дека водата со мед помага при слабеење, што е одлична вест за сите оние кои се обидуваат да ослабат неколку килограми. Ефектот е уште подобар доколку овој едноставен напиток се конзумира наутро на празен стомак.
Сепак, експертите предупредуваат дека постојат одредени несакани ефекти на кои треба да се внимава. Како што објаснуваат, потребно е да се внимава водата во која го ставате медот да не е премногу топла, туку млака, пренесува India Times. Имено, ако медот се помеша со која било течност на висока температура, тој може да стане токсичен и на тој начин да предизвика повеќе штета отколку корист.



GIPHY App Key not set. Please check settings