Дали некогаш сте се запрашале како сакате да ги поминете постарите години? Финансиската сигурност е првото нешто што им паѓа на ум на повеќето од нас. Но, што друго можеме да направиме за побезгрижна старост?
Добрата пензија не е единственото нешто што може да ја направи староста посреќна и побезгрижна, внимавајте на време и не чекајте последен момент. Размислете за староста додека сте уште млади.
Изградете социјални врски кои не се поврзани со семејството
Да бидеме реални, кога ќе остариме нема да можеме постојано да сметаме на нашите деца и дека тие ќе бидат тука за нас за секој проблем, и затоа е многу важно околу вас да создадете круг на луѓе кои немаат никаква врска со твоето семејство. Покрај тоа што ќе имате побогат и затоа поинтересен живот, понекогаш повеќе ќе ви треба нивната помош отколку помошта на вашите деца. Запомнете дека вашите деца ќе имаат свој живот и не го земајте тоа здраво за готово еден ден.
Биди активен
Не се затворајте во домот, бидете активни, дружете се, прошетајте, одете на вечери, во кино, во театар, искористете го времето колку што можете повеќе. Еден ден кога ќе западнете во старост нема да можете повеќе да го правите тоа и не дозволувајте да се каете за ништо.
Не купувајте непотребни работи
Сигурно и вие сте имале можност да видите еден куп работи кај вашите родители или баба кои не служат за ништо освен за берење прашина. Не си го дозволувајте истото. Купете го само она што е потребно, чувајте ги само најскапоцените спомени, во старост вишокот работи само ќе бидат проблем, а колку повеќе години поминуваат, толку потешко ќе се ослободите од нив. Направете го вашиот животен простор удобен, воздушен и простран.
Донесувајте важни одлуки на време
Ова се однесува на финансиите и местото на живеење. Обидете се да направите план додека сеуште сте во можност да го спроведете. Ако живеете во зграда без лифт, на четврти кат, размислете дали ќе ви одговара кога телото не ве слуша како во помладите денови. Со оглед на висината на пензиите овде, погрижете се да платите за некое животно осигурување или заштеди, колку што можете.
Со овој план не само што ќе си обезбедите побезгрижна старост, туку многу ќе им олесните на децата и семејството.



GIPHY App Key not set. Please check settings