Актерката и поранешна сопруга на Чарли Шин, Брук Мулер, била повеќепати испитувана од полицијата во врска со смртта на познатиот актер Метју Пери, откако тие наводно се поврзале за време на престојот за рехабилитација, пренесува „Дејли меил“.
Мулер никогаш не била уапсена или спроведена со лисици во врска со истрагата, а извори за магазинот „Ин тач“ велат дека таа соработувала за време на кривичната истрага за смртта на актерот.
„Таа ангажираше адвокати и имаше повеќе средби со органите на прогонот откако тие пристигнаа во нејзината куќа на рехабилитација со налог за претрес. Таа е цврста за ситуацијата“, изјавил извор за магазинот.
Истражителите во случајот ги заплениле лаптопот и Ајфонот на Мулер. Според извори за „Ин тач“ Мулер и Пери се запознале за време на рехабилитација.
„Тие создадоа неочекувано пријателство“, рекол изворот.
Како што пренесува „Дејли меил“, тешко е да се каже или да се знае точно која е нејзината улога во смртта на Метју, но таа е категорична дека нема никаква врска со тоа.
Инаку, актерката имала различни проблеми со злоупотреба на супстанции во текот на годините. Во јули 2011 година, таа била подложена на програма за рехабилитација. Две години подоцна, нејзините деца биле отстранети од нејзиниот дом поради сомневање за повторна употреба на дрога. Во тоа време, Мулер повторно отишла на рехабилитација. Помеѓу 2008 и 2011 година, Мулер беше во брак со актерот Чарли Шин кој исто така имаше проблеми со дрогата. Двојката има заедно синови близнаци, Боб и Макс. Нивниот развод дојде поради наводите за семејна злоупотреба од страна на Шин.
Смртта на Пери во октомври 2023 година на 54-годишна возраст го шокираше светот. Омилената ѕвезда на „Пријатели“ беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Лос Анџелес. Аутопсијата ја припиша неговата смрт на „акутните ефекти од кетамин“. Луѓе блиски до актерот им рекле на иследниците на судската медицина дека тој бил на терапија со инфузија со кетамин. Пери во 2022 година проценил дека потрошил 9 милиони долари во борбата против зависностите во текот на 15 престои за рехабилитација.
Во извештајот на „Пипл“ објавен во вторникот, истражен извор од органите за спроведување на законот рече дека истрагата сега „се приближува кон својот крај“.



GIPHY App Key not set. Please check settings