Џо Манганиело (47) ја сподели својата страна од приказната за неговиот развод со актерката Софија Вергара (52). Актерот тврди дека причината за разводот што Софија и ја соопштила на јавноста „едноставно не е вистина“, пренесува E News.
Имено, на почетокот на оваа година актерката во интервју за шпански Ел Паис откри: „Бракот ми се распадна бидејќи Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Чувствувам дека не би било фер кон бебето. Тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка“, открила таа.
„Првата година и пол се обидовме да основаме семејство“, објасни Џо во интервју за Men’s Journal. „Веќе во првиот месец од врската имавме голем разговор во кој и реков дека ќе разберам ако завршила со раѓање деца“, додал тој. „И ветив дека никогаш нема да заминам ако не успее. И не го сторив тоа“, тврди Џо.
Актерот тврди дека вистинската причина за разводот е всушност тоа што тие се оддалечиле еден од друг.
„Ме прикажува како да имам некаква средовечна криза и по девет години се свртев и дадов ултиматум да направам нешто нездраво за своето тело“, рече тој.
Да потсетиме, парот раскина минатата година. Повеќе извори велат дека двајцата воделе одвоени животи долго пред тоа.



GIPHY App Key not set. Please check settings