Посна крем салата, совршена како мезе на посни прослави, но и како појадок или вечера со солени крекери или тост леб…
Потребно е:
2 лименки сардина во масло од 125 гр
150 гр варени моркови
150 гр варен грашок
150 гр варена слатка пченка
40 гр праз
сол и бибер по вкус
200 гр посен мајонез
Подготовка:
ситно изрендајте ги морковите, исецкајте го празот, исцедете го маслото од сардините.
Во сад за матење измешајте сè што е потребно за салата, посолете и ставете бибер по вкус, додајте мајонез и сè убаво измешајте.
Пред сервирање се лади во фрижидер.
Декорирајте по желба.



GIPHY App Key not set. Please check settings