in

Пронајден бродолом стар три илјади години – откритие што ја менува историјата

На северниот брег на Израел е пронајден брод стар повеќе од 3.000 години со товарот недопрен, а предметите од мистериозниот брод наскоро ќе и бидат претставени на јавноста.

Остатоците од бродот и делови од неговиот товар, на длабочина од околу два километри, на дното на Средоземното Море, ги откри компанијата „Енерџиан“, која оперира во близина на Израел.

Истражувањето спроведено од компанијата откри бродски товар од стотици амфори, бокали со двојни рачки во кои се чувале стоки како вино или маслиново масло за време на бронзеното доба, пренесува rts.rs.

„Изгледа дека бродот потонал поради бура или пиратски напад – што беше вообичаена работа во доцното бронзено време“, рече Јакоб Шарвит, шеф на поморската единица на израелската управа за антиквитети.

Потонатиот брод беше пронајден минатата година на 90 километри од брегот на северен Израел, а официјалните лица проценија дека датира од 14 или 13 век п.н.е.

Старо повеќе од три милениуми, датира од времето кога поморската трговија почнала да цвета за време на бронзеното време.

Тимот на компанијата „Енерџиан“ кој го истражуваше морето пронашол бројни бокали натрупани на морското дно, изјави директорот на Организацијата за животна средина, Карнит Бахартан.

„Кога им ги испративме сликите (на властите за антиквитети), испадна дека е сензационално откритие, многу повеќе од она што можевме да го замислиме“, рече Бахартан.

Шарвит додаде дека локацијата на откритието открива дека древните морнари можеле да се движат без да видат крајбрежје, веројатно користејќи ја позицијата на ѕвездите и Сонцето.

„Ова е откритие од светска класа што ја менува историјата“, нагласи Бахартан.

„Енергеан“ изврши операција за извлекување на дел од предметите, која наскоро ќе биде претставена во јавноста.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

„Па тие си разговараат“ Два делфина снимени како си играат во Јадранско море (ВИДЕО)

Илон Маск доби уште едно дете