Доколку сакате да јадете нешто лесно, тогаш за вечера ви ја препорачуваме палентата.
1 литар вода,
половина лажичка сол,
зеленчук по желба,
масло

Подготовка:
Истурете вода во тенџере и посолете. Во загреаната вода сипете ја палентата пред да зоврие. Мешајте цело време додека додавате и готов е кога смесата ќе стане густа и ќе испари водата.
Смесата сипете ја во подмачкана тава за леб, покријте ја со проѕирна фолија и почекајте да се излади на собна температура.
Ставете го во фрижидер и оставете добро да се стегне. Палентата се сече на подебели кришки и се пржи на добро загреано масло. Одозгора ставете динстани печурки, домати или пиперки и послужете како топло предјадење.



GIPHY App Key not set. Please check settings