in

Психолог за врски: Заљубувањето не е гаранција за трајна врска или среќен брак, потребно е повеќе

Ако најдете партнер кој е подготвен да работи на врската без оглед на вашите интереси, тогаш можете да бидете среќни и да уживате во врска која дефинитивно не е осудена на пропаст.

Пронаоѓањето на совршениот партнер кој ќе биде со вас во секое време, во здравје и болест, често изгледа како невозможна мисија.

Сакаме да чекориме низ животот со личност со која можеме да споделиме се, и добро и лошо, со која сакаме да создаваме спомени, да имаме деца и да бидеме најголема поддршка еден на друг.

За да го постигнеме сето горенаведено, прво треба да запознаеме некој кој совршено ни одговара и со тело и со душа.

Иако можеби ни изгледа како нешто сосема недостижно, психологот за врски и автор Тај Таширо пишува за оваа тема од научна перспектива во својата книга. Тој носи сложена слика за љубовта и совети како да се работи на тоа. Кога Таширо само што почнал да ја истражува љубовта, тој откри дека всушност раскинувањето на врските е услов за создавање подобри врски во иднина.

Луѓето учат многу од минатите врски и се обидуваат да ги подобрат односите со луѓето, но не и со партнерите. Обично имаат тенденција да тврдат дека во иднина ќе изберат подобар партнер, но во реалноста тоа не го прават така.

  • Колку пати сте биле сведоци на ситуација кога вашиот пријател, кој е паметен и ефикасен во повеќето аспекти од животот, кога се во прашање љубовните врски, секогаш избира нефункционален партнер, па се прашувате зошто таква врска завршува лошо – тврди авторот Таширо.

Друго научно сознание на авторот Таширо е дека првата љубов во вашиот живот ќе ви покаже каков ќе биде вашиот љубовен живот во иднина. Кога ќе го изберете вашиот прв партнер за врска, а немате претходни искуства, тоа ќе ви даде идеја колку вашите односи ќе бидат стабилни и здрави во иднина. Освен што не е лесно да се усогласите со себе и да одлучите што навистина сакаме, доаѓаме до проблемот наречен заљубување.

Ако не сме заљубени во партнерот, голема е веројатноста дека нема ни да влеземе во врска со него. Допадливоста и страста се компоненти на заљубувањето што ги учиме во детството. Ќе ги применуваме токму онака како што ги учиме во детството подоцна во животот. Замислете да се вратите во античките времиња кога се склучувале бракови без разлика дали сте биле заљубени или не. Можеме многу да научиме од тоа.

  • Тајната на успехот на договорените бракови е во тоа што, иако не се заљубени, овие сопружници комуницираат и се договараат како да функционира нивниот брак – тврди Таширо и додава дека бајките за среќните бракови се заблуди, а луѓето се уште веруваат во нив иако одамна ги надраснале.

Таширо ве советува да се фокусирате на доброто на партнерот, наместо да се обидувате да го поправите лошото бидејќи нема да успеете.

– Друг услов за успешна врска е возбудата – пишува авторот Таширо.

Имено, повеќето врски со текот на времето стануваат здодевни и монотони. Затоа ви треба малку возбуда што ќе ги освежи вашите чувства во врската и ќе ја зголеми нејзината динамичност. Луѓето кои ја бараат својата сродна душа мора да бидат подготвени на фактот дека сигурно нема да најдат некој што им одговара сто проценти според сите критериуми.

Ако најдете партнер кој е подготвен да работи на врската без оглед на вашите интереси, тогаш можете да бидете среќни и да уживате во врска која дефинитивно не е осудена на пропаст.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ПОБЕДУВААТ при првиот обид! Тие се вистински мајстори за флертување

Како кралското семејство ќе го прослави првиот Божиќ без кралицата