in ,

РЕВОЛУЦИОНЕРНO! Научниците открија бактерија која ги уништува туморите!

Во саботата во списанието Science Advances беше објавена студија која опишува успешен експеримент во кој комбинација на бактерии и лек против рак го намалија обемот на туморот кај четири од пет лабораториски глувци за неверојатни 90 проценти во рок од само две недели.

Лекот тирапазамин, кој се активира само на многу ниски нивоа на кислород, заедно со бактериите дизајнирани да ја регулираат содржината на кислород во туморот, создадоа ефикасна терапија за убивање на туморот.

Тие, исто така, ја регулираат содржината на кислород во туморот

Тим на истражувачи од Универзитетот Фудан дизајнирал имплантиран уред кој овозможува рамномерна потрошувачка на кислород кај туморите на глувците, со што се регулира содржината на кислород и нивото на pH во туморот.

-Студијата покажа дека бактеријата го оптимизирала ефектот на тирапазамин кога посредувал во уништувањето на туморите кај глувците. Имено, овој пролек ја користи состојбата на туморот осиромашена со кислород за селективно да ги уништи хипоксичните клетки, односно оние со недостаток на кислород. Истражувањата исто така покажаа дека бактеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија- изјави Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.

Безбедност на бактерии
Научниците истакнуваат дека во текот на истражувањето не се забележани абнормални промени во телесната тежина, ниту во кожата или главните органи на глувците, што укажува на безбедноста на бактериите во in vivo лабораториските истражувања.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Психијатарот Ѓорѓевиќ: Клучно е децата да се доближат до она што е лошо на социјалните мрежи

ОТКРИТИЕ ОД ДЛАБОЧИНИТЕ: Пронајдени остатоци од исчезнати бродови од 1914 година во езерото Супериор во Мичиген