in

Што да пиете за подобар сон? Чајот од маточина, сокот од цреша помага

Речиси секој доживеал несоница. Непријатно е, особено ако треба да станете рано следниот ден. Проблемите со спиењето се чести, а можете да си помогнете со подготовките од природата и храната што веќе ја имате во кујната.

Еден од триковите што многумина го користат е топлото млеко. Тој е одличен напиток за полесен сон, а корисен е бидејќи ја содржи аминокиселината триптофан која во организмот се трансформира во хормонот серотонин кој е неопходен за добар сон.

Се пијат и смути од банана. Се прави од една мала банана, шолја овесно млеко и лажичка мед. Одличен е затоа што е вистинска ризница на магнезиум, калиум и витамини од групата Б, кои ќе придонесат за целокупна релаксација.

Ќе помогне и чајот од маточина. Десет лажици суви листови од ова растение сварете ги во литар вода, оставете да отстои десет минути, па процедете. Или за помала доза – прелијте со зовриена вода две лажици од сушеното растение.

Сокот од цреша е вистински адут против несоницата бидејќи е најважниот извор на храна на мелатонин кој е одговорен за добар сон, младешки изглед и општо здравје. 

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Што им треба на жените: 9 жешки разлики помеѓу женското и машкото либидо

Мојот дечко не сака да се разведе: Што да правам, тој нема да ја извади ни бурмата?