in

Што се случува кога пиете алкохолни пијалоци на празен стомак?

Повеќето луѓе кои некогаш испиле една чаша алкохол знаат дека алкохолот влијае на начинот на кој луѓето размислуваат, се однесуваат и се чувствуваат.

Малкумина знаат точно како алкохолот делува во човечкото тело.

Различни алкохолни пијалоци имаат различен процент на алкохол – за стандарден пијалок се смета волуменот на пијалокот кој содржи 14 грама чист алкохол.

Конзумирањето повеќе пијалоци, односно внесувањето поголемо количество алкохол, има многу посилно влијание врз организмот од пијалок кој содржи помала количина на алкохол.

Што се случува во телото кога пиете алкохолен пијалок?

Усна шуплина – кога ќе почнете да пиете алкохол, многу мал процент од алкохолот ќе се апсорбира во малите крвни садови во устата и јазикот.

Стомак – Кога алкохолот ќе влезе во желудникот, до 20 проценти од внесениот алкохол ќе се апсорбира во крвта.

Тенкото црево – Штом алкохолот ќе помине во тенкото црево, останатите 75 до 85 проценти се апсорбираат во крвотокот.

Познато е дека крвотокот го транспортира алкохолот до различни делови од телото, а што прави тој во тие делови од телото?

Крвоток – алкохолот продолжува да се движи низ телото во крвотокот се додека не биде целосно разграден од црниот дроб.

Црниот дроб – ја филтрира крвта и разградува 80 до 90 проценти од алкохолот што го пиете во вода, јаглерод диоксид и енергија. Црниот дроб користи ензими за разградување на алкохолот. Обично го разградува алкохолот со брзина од еден стандарден пијалок на час.

Бубрези – ја филтрираат крвта, ја балансираат количината на течност во телото и ги отстрануваат отпадните материи од телото со урина. Алкохолот ги „присилува“ бубрезите да работат понапорно бидејќи тие ќе произведуваат повеќе урина за да се ослободат од отпадните производи од разградениот алкохол. Телото излачува до 10 проценти од консумираниот алкохол во урината.

Мозок – алкохолот стигнува во мозокот од крвотокот во рок од пет до 10 минути по консумирањето. Алкохолот може да предизвика промени во расположението, проблеми со размислувањето и координацијата, па дури и проблеми со формирањето на сеќавањата (амнезија).

Бели дробови – дел од алкохолот испарува низ белите дробови. Едно лице може да издиши до осум проценти од алкохолот што го консумира.

Кожа – мала количина на алкохол испарува од фините крвни садови под површината на кожата.

За време на бременоста, заборавете на чашата

Кај бремените жени, алкохолот поминува низ плацентата од крвта на мајката до фетусот. Затоа, фетусот е изложен на штетните ефекти на алкохолот, но фетусот не може да го разгради алкохолот како што тоа го прават возрасните.

Не се препорачува консумирање алкохол во која било фаза од бременоста.

Конзумирање алкохол на празен стомак

Секој човек апсорбира алкохол со различна брзина. Жените, помладите луѓе и луѓето со помала телесна маса имаат тенденција да апсорбираат алкохол побрзо од мажите, постарите луѓе и луѓето со поголема телесна маса.

Здравјето на црниот дроб, исто така, ќе влијае на тоа колку брзо телото го детоксицира алкохолот.

Од друга страна, тенкото црево најбрзо и најдобро го апсорбира алкохолот. Колку подолго алкохолот останува во желудникот, толку побавно се апсорбира и побавно делува на телото.

Храната во желудникот спречува алкохолот брзо да помине во тенкото црево, односно кога има храна во желудникот пред консумирање алкохол, алкохолот побавно се апсорбира.

Кога пиете на празен стомак, голем дел од алкохолот што човекот го пие брзо поминува од желудникот во тенкото црево, каде што најголемиот дел од него се апсорбира во крвотокот.

Ова ги зголемува сите несакани ефекти од консумирањето алкохол, како што е способноста за размислување и координирање на движењата на телото.

Особено, брзото конзумирање на големи количини алкохол на празен стомак може да биде многу опасно.

Неможноста да се размислува јасно или безбедно да се движи телото може да предизвика сериозна штета, што во екстремни случаи може да доведе до повреда или смрт.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

10 познати луѓе кои излегоа од длабока сиромаштија

Штрудла со сливи и чоколадо