in

Штрудла со сливи и чоколадо

Сочно задоволство за целото семејство.

Состојки:

Тесто:

– 500 гр брашно

– 1 лажичка сол

– 2 ванилин шеќери

– 0,7-1 dl сончогледово масло

– 1 лажица оцет

– 3,5 dl топла вода

Полнење:

– 1,25 кг исчистени сливи

– 5 лажици шеќер

– 3 ванилин шеќери

– 10 гр цимет

– 100 гр темно чоколадо

И повеќе…

– 200 гр обично брашно

– малку масло

– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Прво измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ја течноста и замесете мазно тесто.

Ставете го во набрашнет сад и премачкајте го со масло, па покријте го со крпа и оставете го да отстои 30 до 45 минути.

Додека го чекате тестото да одмори, направете го филот така што сливите ќе ги исечете на тенки кришки, па измешајте со шеќер, ванилин шеќер и цимет.

Откако тестото ќе одмори, поделете го на четири дела, како и филот.

Секој дел развлечете го со помош на масло и од него направете две штрудли. Намачкајте го тестото со сливи и изрендајте го чоколадото, а потоа свиткајте го тестото во виткање.

Се пече на 190 степени околу еден час.

Оставете да се излади, посипете со шеќер во прав, исечете и послужете.

Пријатно!

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Што се случува кога пиете алкохолни пијалоци на празен стомак?

Вака изгледа воланот во милион куни Tesla Model S