Со првите убави денови сите сме зафатени со барање нови совети за слабеење , а многумина во обид да ослабат некој килограм посегнуваат по млака вода и лимон , кои го забрзуваат метаболизмот.
Многу нутриционисти ја фалат чиата затоа што го подобрува варењето, го зголемува внесот на протеини и го стабилизира нивото на шеќер во крвта, па не е изненадување што лимонадата со чиа стана вистински хит за секој кој сака да ги изгуби вишокот килограми.
Сите кои уживаат тврдат дека тоа им помогнало повеќе од вообичаената вода со лимон што ја пиеле секое утро. За овој пијалок потребни ви се две лажици чиа семе, свежо исцеден сок од еден лимон и – по желба – лажичка сол одозгора. На тоа додадете 2,5 децилитри вода и оставете да отстои петнаесетина минути.
Чиа семето е полно со антиоксиданси кои благотворно делуваат на воспалителните процеси во организмот. Богат е со растворливи влакна, што го прави одличен додаток во исхраната за добар метаболизам и редовна столица.
Нутриционистите се согласуваат дека „чиа трендот“ на TikTok е еден од најздравите што ги виделе неодамна, но нè потсетуваат дека оваа лимонада не е единствениот начин за користење на ова семе.
– Може да се додаде во салати, кашички, чорби, па дури и во леб ако сами го замесите – објаснува д-р Џина Гранич, од Универзитетот во Јужна Флорида. Сепак, за почеток, не треба да се претерува колку чиа семето е корисно за здравјето.
– Не препорачувам да земате повеќе од две лажици – вели докторот и додава:
– Подобро е да започнете со помали количини и да видите колку му се пријатни на организмот. Секој со дигестивни проблеми прво треба да се консултира со својот лекар.
Пребрзото додавање на премногу чиа семе во вашата исхрана може да доведе до надуеност и гасови.



GIPHY App Key not set. Please check settings