in

Скршена реплика на Ајфеловата кула се појави во пустината!

На фестивалот „Burning Man“ во Блек Рок пустината во Невада, посетителите беа изненадени од необична инсталација – голема реплика на Ајфеловата кула, но со интересен пресврт. Инсталацијата е создадена како да е скршена на половина.

Ова дело, наречено „Eiffela Broken Dream“, е изработено од францускиот уметник Филип Мендрон и е во размер 1:10, составено од 29 тони челик.

Пред да стигне во пустината, конструкцијата поминала над 15.000 километри. По нејзиното пристигнување, волонтери ја собрале за само 72 часа.

Двата дела од кулата се поврзани со кабел, кој е поставен во воздухот, каде акробати изведуваат свој настап на жица, трансформирајќи ја скулптурата во сцена.

Но, инсталацијата не е само визуелен спектакл. Нејзините два дела носат длабоко симболично значење; долниот дел симболизира изгубена цивилизација, додека горниот дел се издигнува кон небото, симболизирајќи надежта за иднината.

Со својата уникатна форма и значајна порака, „Eiffela Broken Dream“ стана едно од најпосетуваните дела на овогодишниот „Burning Man“.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Започна работата на првиот градски воз: Зелениково и околните места поврзани со Скопје!

Саша Мирковиќ: Ја осудуваме секоја запалива реторика која ги загрозува народите