in

Советник: Ако сакате среќна врска, престанете со овие навики

СИТЕ НИЕ СОНУВАМЕ за „совршени“ врски, но таквите односи бараат работа, труд и посветеност. Значи, ако сакаме среќна и здрава врска, можеме да почнеме со гледање на нашето однесување, вели семејната и брачната советничка Тина Феј.

„Во моето долгогодишно искуство забележав дека одредени однесувања можат да ја уништат и најсреќната врска, оставајќи ги двете страни фрустрирани и неисполнети. Од друга страна, откажувањето од овие токсични однесувања може да го отвори патот за поздрава, посреќна, и долгорочно партнерство“, изјави таа за Hack Spirit.

Таа истакна три однесувања со кои партнерите треба да се збогуваат доколку сакаат навистина здрава врска.

  1. Критикување на партнерот
    “Често се вели дека љубовта е слепа, но во реалноста е премногу лесно да се согледаат и да се фокусираат на недостатоците на партнерот. Едно од најдеструктивните однесувања во врската е постојаната критика”, вели советникот.

Секако, никој не е совршен, но постојаното истакнување на недостатоците на нашите партнери нема да ги снема. Наместо тоа, тоа само ќе поттикне незадоволство.

“Критикувањето на вашите партнери може да создаде токсична средина која го спречува растот на љубовта и довербата. Затоа, наместо со критики, обидете се со конструктивен фидбек. Пристапете кон проблемите со љубезност, разбирање и трпение”, советува Феј.

  1. Прекумерна зависност
    Преголемата зависност може да биде тежок товар за секоја врска. Не се работи само за потпирање на партнерите за емоционална поддршка, туку и за потпирање на нив за вашата среќа, самодоверба и идентитет.

„Ова е нездраво и може да доведе до козависна врска. Дел од здрава врска е одржување на вашата индивидуалност и разбирање дека сте две посебни суштества со различни животи. Да, вие водите заеднички живот, но имате и свои страсти, интереси и пријателите“, објаснува советничката.

  1. Криење на вашите вистински чувства
    „Едно од најштетните однесувања што може да постои во врската е криењето на вашите вистински чувства. Без разлика дали се работи за страв да бидете ранливи или не сакате да го вознемирите партнерот, задржувањето на емоциите за себе може да создаде бариера помеѓу вас двајцата. Според моето искуство, вистинската интимност доаѓа од способноста да ги споделите вашите најдлабоки стравови, надежи и чувства со вашиот партнер“, вели Феј.

Иако ранливоста може да биде страшна, таа исто така нè зближува со нашите партнери и ја зајакнува нашата врска.

“Затоа, бидете храбри и кажете збогум на криењето на вашите вистински чувства. Бидете отворени, сурови и искрени со вашите партнери. Затоа што најголемиот подарок што можеме да му го дадеме на некој што го сакаме е вашето автентично јас”, заклучи советникот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Совети како да избегнете интернет измами: „Никој не заработува пари на тој начин“

Во 23 држави во САД на миленичињата им е дозволено да бидат сведоци на свадби