Пристигна во Европа во 16 век и за помалку од 100 години навлезе во многу домови. Но, дали некогаш сте се запрашале која земја во светот пие најмногу кафе?
Кафето е еден од најпопуларните безалкохолни пијалоци во светот, ценет поради неговата арома и содржината на кофеин. Кафето се прави од печени зрна од растението Coffea, кое потекнува од субсахарска Африка и островите во Индискиот Океан, пренесува Worldpopulationreviw.
Се верува дека кафето потекнува од Етиопија. Националната легенда раскажува за козарот Калди кој го открил потенцијалот на кафето. Калди забележал како неговите кози станале енергични откако ги изел бобинките од растението кафе.
Одгледувањето кафе започна на Блискиот Исток. До 15 век, кафетериите биле вообичаени низ Турција, Персија, Сирија и Арабија. Кафето дојде во Европа во 16 век, но многу Европејци го отфрлија како невернички пијалок.
Сепак, папата Климент VIII го одобрил кафето откако пробал шолја, а пијалокот се проширил низ Европа и Америка. До средината на 17 век, само Лондон имал повеќе од 300 кафулиња, каде што се собирале научници, уметници, писатели, трговци и политичари да пијат кафе.
Кафето денес се одгледува во повеќе од 70 тропски земји и се пие насекаде. Кафето е втора најизвезувана стока во светот по нафтата. Најголемите земји за производство на кафе во светот се Бразил, Виетнам и Колумбија. Највисока годишна потрошувачка по лице има во скандинавските земји, каде долгите, темни и студени зими прават кафето високо да се цени. Во Соединетите Американски Држави, годишната потрошувачка е околу 4,4 килограми или 9,7 фунти, што ги прави САД само 25-ти најголем потрошувач на кафе во светот по човек. Просечен човек во САД консумира околу три шолји кафе дневно.
Топ 10 земји кои пијат најмногу кафе по лице:
Финска
Норвешка
Исланд
Данска
Холандија
Шведска
Швајцарија
Белгија
Луксембург
Канада



GIPHY App Key not set. Please check settings