Се’ што ви треба е хартиен филтер за кафе.
Ставете го на дното на садот, помеѓу почвата и дренажните дупки на садот, каде што обично оди водата и нечистотијата. Кога ќе го направите ова, филтерот ќе ја пропушти водата и ќе ја задржи нечистотијата .
Многу често нечистотијата ги затнува отворите, а тоа го спречува поминувањето на вишокот вода, како и протокот на воздух. Ова може да предизвика гниење на корените на растението, по што може да умре. На овој начин филтерот ќе го впие вишокот вода и ќе ја задржи влагата, па корените нема да можат да изгнијат.
Исто така, ако листовите од растението ви се суви, можете да го пробате трикот со мајонез.


