Дожд, силен ветер, магла и лизгави карпи не успеаја да му пречат на нашиот инфлуенсер Стефан Спирковски да достигне до врвот на Олимп, планината што во грчката митологија се смета за дом на боговите.
Денеска, Спирковски сподели фотографија и емотивен статус на Инстаграм, опишувајќи го своето искуство при искачувањето на Митикас, највисокиот врв со надморска височина од околу 2.918 метри.
„Дожд, силен ветер, магла и лизгави карпи… ама сепак успеавме да стигнеме до врвот!“, напиша тој, откривајќи ги предизвиците на патот.
Олимп не е само највисоката планина во Грција, туку и важен дел од античката митологија. Затоа, достигнувањето на неговиот врв е посебно искуство за сите љубители на планинарењето и природата. Но, приказната на Спирковски не завршува тука; тој најави дека утре ќе сподели детално за целото искуство преку своите приказни на Инстаграм.
Какви предизвици ги чекале по патот и на што сè морале да се адаптираат за да стигнат до целта? Одговорите ќе ги дознаеме утре!

