in

Стивен Кинг со шега за „вонземјани“ го коментираше хаосот на американските аеродроми

Американскиот писател Стивен Кинг предизвика многу реакции на социјалните мрежи откако на шега рече дека вистинската причина за прекинот на авионскиот сообраќај во САД е слетување на вонземјани.

Авторот на познатите хорор-романи „Тоа“, „Сјаење“, „Кери“ и „Мизерија“ се огласи на 13 ноември на платформата X, во моментите кога Федералната управа за воздухопловство на САД воведе привремен прекин на полетувањата низ целата земја. Во објавата тој напиша дека слетале вонземјани и дека тоа е „вистинската причина“ за прекинот на летовите, бидејќи, како што се пошегува, не сакаат да предизвикаат светска паника. Додаде и дека суштествата се слепи, но имаат многу добар слух.

Објавата набрзо се прошири и собра милиони прегледи и илјадници коментари. Дел од корисниците се надоврзаа на шегата, а други ја искористија можноста да остават духовити забелешки за необичната состојба на аеродромите.

Сепак, зад хуморот стоеше вистински технички проблем. FAA истата вечер воведе национален прекин на полетувањата поради нестабилност во телекомуникациската мрежа што ја користат контролорите на летање, што предизвикало нарушувања во комуникациските системи и во радарските податоци.

Според официјалното објаснување, нестабилноста била поврзана со голем број автоматски обиди за поврзување во мрежата, а истрагата и натаму продолжува. Ограничувањето било укинато истиот ден во 20:15 часот по источноамериканско време.

Додека американските власти се справуваа со сериозниот технички проблем, Стивен Кинг внесе доза хорор-хумор во целиот хаос и уште еднаш покажа дека неговата фантазија не мирува.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Товарен брод потона во Црното Море, сите 12 членови на екипажот се спасени

Пониски цени на сите горива: Регулаторната комисија донесе нова одлука