Јадењето одредени јаткасти плодови може да го намали апетитот и да ни помогне да изгубиме тежина, сугерира една нова студија.
Се работи за бадемите.
Научниците откриле дека јадењето помеѓу 30 грама и 50 грама бадеми дневно помага да се потисне апетитот, пишува The Sun.
Студијата покажа дека луѓето кои јаделе бадеми наместо оброк со јаглени хидрати, јаделе 72 калории помалку на следниот оброк.
„Нашата студија ги истражуваше хормоните кои го регулираат апетитот и како јаткастите плодови, особено бадемите, можат да придонесат за контрола на апетитот. Откривме дека луѓето кои јаделе бадеми доживеале промени во хормоните кои го регулираат апетитот и дека тоа може да придонесе за јадење помалку храна. Сега сме возбудени да видиме како бадемите можат да помогнат при долгорочно управување со тежината“, објаснува д-р Шараја Картер од Универзитетот во Јужна Австралија.



GIPHY App Key not set. Please check settings