in

Тешка несреќа во Непал: комбе падна во провалија, загинаа најмалку 10 лица

Десет лица го загубија животот, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Непал, откако патничко комбе излетало од планински пат и завршило во длабока провалија.

Несреќата се случила во областа Макванпур, во близина на Чисапани Гади. Според првичните информации, возилото се движело од Катманду кон Сарлахи, кога од засега неутврдени причини излетало од коловозот.

Комбето потоа се превртело по стрмната падина и застанало околу 700 метри под патот. Во него имало 15 патници, а десетмина не ја преживеале несреќата.

Меѓу загинатите има пет мажи и пет жени, додека петте преживеани патници биле повредени и пренесени во болница.

По несреќата започнала спасувачка акција во која учествувале полицијата, армијата и екипите за итни интервенции. Поради непристапниот планински терен, извлекувањето на настраданите било исклучително тешко.

Надлежните работат на утврдување на причините за трагедијата, а засега не е познато што точно довело до излетувањето на комбето од патот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Во Шпанија бакнувањето на улица е вообичаено, но некогаш било казниво со затвор

Денес православните верници ги чествуваат светите Зиновиј и Зиновија